Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека украдениот полициски хеликоптер испукал две гранати врз зградата на Врховниот суд во Каракас истакнувајќи дека е спречен терористички напад со цел негово симнување од власт.

– Активирани се оружените сили да го бранат мирот. Порано или подоцна, ќе го пронајдеме тој хеликоптер и тие кои го извршија нападот, изјави Мадуро.

Мадуро (54) наведе дека во нападот нема повредени.

Тој додаде дека хеликоптерот кружел и над зградите на министервата за правда и внатрешни работи. Мадуро тврди дека со хеликоптерот управувал пилот кој работел за поранешниот министер за правда и внатрешни работи Мигел Родригес Торес.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2017 10:21