Во британската Влада постои сериозен расцеп околу Брегзит и несогласување меѓу водечките министри кои треба да се грижат за спроведување на процесот за излез на Велика Британија од ЕУ, откриваат лондонските медиуми.
Разлики околу Брегзит има уште од моментот кога премиерката Тереза Меј ја формира својата прва Влада по референдумот за ЕУ во јули минатата година, за тоа дали покрај истапувањето од Унијата, земјата треба да се повлече и од заедничкиот пазар и од царинската унија, но овојпат тие месогласување се појавија и на јавната политичка сцена.
Весниците пишуваат дека министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, шефот на дипломатијата Борис Џонсон и министерот за финансии Филип Хамонд се „длабоко спротивставени“ околу алтернативниот распоред на британскиот излез од ЕУ и имаат различни позиции за термините околу новата спогодба за царините.
Дејвис и Џонсон уште во кампањата за референдумот од пред една година, заговараа целосно повлекување и „тврд“ Брегзит, уверувајќи ги Британците дека не само што на Велика Британија нема ништо да и недостасува надвор од Унијата, туку дека ќе и биде и подобро.
Џонсон, кој од силен проевропеец се претвори во уште потврд евроскептик, продолжува да ги исмева Европејците и да го прикажува Брегзит како „слатко колаче“ што Велика Британија ќе го изеде„ по излегувањето од ЕУ.
Тоа треба да значи дека Британците треба само да „уживаат во ослободувањето“ од Унијата, но се покажа дека гласчите во тоа многу не веруваат, покажувајќи го стравот од Брегзит на изборите од 8 јуни, кога ги казнија Меј и конзервативците не давајќи им да освојат уверлива изборна победа, како што тие им бараа во кампањата.
Хамонд го исмева Џонсон за таквите верувања и продолжува да предупредува дека постоечката еуфорија меѓу „брегзитерите“ терба да се замени со трезвено размислување и однесување во текот на преговорите со Брисел.
Според весниците, министерот за финансии Хамонд ја предупредил Меј јасно да го одбегнува „тврдиот“ Брегзит и „одењето по работ на карпата“ во интерес на иднината и сигурноста на бизнсот.
Тој минатата недела предупреди дека излегувањето од ЕУ без да се постгне договор ќе има „многу лоши последици“ по луѓето во земјата и инвестициите, со што не се согласуваат Дејвис и Џонсон.
Овие двајца министри ја уверуваат Меј да не стравува од тоа да ги напушти преговорите, ако Велика Британија.