Претседателот на Русија Владимир Путин потпиша декрет со коj контра-санкциите кон западните земји се продолжуваат до крајот на 2018 година, јави ТАСС.
Како што е соопштено, продолжувањето на санкциите е одговор на таквите чекори на другата страна и одлуката е донесена поради „заштита на националните интереси и поддршка на домашното стопанство и економија“.
Европската унија претходно ги продолжи своите санкции против Русија поради мешање во Украина за уште шест месеци, односно до јануари 2018 година.