Американскиот претседател Доналд Трамп на денешната средба со јужнокорејскиот колега Мун Џае-ин истакна дека има многу варијанти по прашањето за Северна Кореја.

Двајцата лидери ќе разговараат и на каков начин ќе биде запрена балистичката и нуклеарната програма на Северна Кореја и потоа ќе преговараат за трговскиот договор меѓу Вашингтон и Сеул.

Американското Министерство за финансии вчера на црната листа додаде кинеска банка поради нејзина незаконска трговија со Северна Кореја.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2017 17:26