Новиот генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адханом, денеска го презеде управувањето со оваа меѓународна здравствена организација, соопшти СЗО, а пренесоа француските медиуми.

Специјалистот за маларија, Адханом, досега ги извршувал и функциите министер за здравство и за надворешни работи на Етиопија.

Овој 52-годишен здравствен експерт е првиот Африканец на чело на СЗО, а должноста ја презеде од Маргарет Чен од Кина, која оваа организација ја предводеше речиси десет години.

Адханом беше избран во мај меѓу многубројни кандидати.

СЗО, чие седиште е во Женева, има 8.000 вработени низ цел свет.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2017 22:22