Македонскиот првак Вардар ќе има тешка задача во дуелот против Малме во рамките од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Иако црвено-црните дуелот како домаќини место во Скопје ќе го играат во Струмица, па дополнителната поддршка од трибините ќе им биде неопходна, сепак раководството на клубот реши влезниците за реванш мечот со Малме да ги продава по цена од 500 денари.

– Вардар на реват ќе го пречека шведскиот тим во Струмица. Билетите за овој натпревар ќе бидат пуштени во продажба од 3 јули 2017 година (понеделник) и ќе чинат 500 денари. Можат да се набават на сите продажни места на Тикет Плус, пишува во соопштението објавено на официјалната веб страна на клубот.

Првиот натпревар меѓу овие два тима ќе се игра во Малме на 12 јули, со почеток во 19 часот, додека реваншот на стадионот „Младост“ во Струмица на програмата е на 18 јули со почеток во 18 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2017 22:23