Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол синоќа беше погребан во близина на старата катедрала во градот Шпајер, пренесе ДПА.
-Се збогуваме со еден голем државник, изјави католичкиот епископ Карл-Хајнц Виземан, кој ја предводеше погребната миса, на која беа поканети околу 1.500 лица.
Околу 600 лица на голем екран на отворено ја проследија погребната литургија и покрај тоа што врнеше дожд.
По реквиемот Кол беше испратен со воена церемонија на плоштадот пред катедралата, пред да биде положен во гробницата на храмот, во тесен круг од најблиски – каде присуствуваше вдовицата Маике Кол-Рихтер, но не и неговите деца и внуци, забележаа француските меидуми.