Конзервативната Либерално демократска партија на јапонскиот премиер Шинѕо Абе претрпе тежок пораз на денешните избори за членови на Градското собрание на Токио, покажуваат излезните анкети од гласањето.

Како што јави ТАСС, според овие резултати, коалицијата предводена од партијата Токијците на прво место на градоначалничката на Токио, Јурико Коике, најверојатно ќе освои мнозинство во идниот состав на токиското Собрание.

Се очекува коалицијата на Коике да има меѓу 73 и 85 места во 127-членото Собрание на Токио. Од нив, меѓу 48 и 50 би биле членови на партијата Токијците на прво место.

– Се уште не ги знаеме конечните резултати, од податоците на излезните анкети изгледаат доста добри за нас. Многу сум им благодарна на сите грасачи, кои ја прифатија нашата програма, изјави Коике набрзо по затворањето на гласачките места.

Од друга страна, партијата на премиерот Абе може да се надева на меѓу 13 и 39 места, што ќе биде нејзин најлош изборен резултат во Токио. Либералните демократи досега има 57 места во Собранието.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2017 19:38