Францускиот претседател Емануел Макрон вети денеска дека до крајот на годината ќе организира демократски конвенции за реформирање на Европа.

– Цврсто верувам во Европа, но скептицизмот не е неоправдан рече Макрон во говор пред двата Дома на францускиот Парламент.

Во обраќањето во кое ги претстави основните насоки на петгодишниот мандат, францускиот претседател нагласи дека сака „да ја заживее желбата за Европа“ и изрази жалење дека Унијата „загубила насока“.

– Деценијата, која штотуку заврши беше жестока за Европа. Управуваме кризи, но ја загубивме насоката, рече Макрон и додаде дека го разбира спектицизмот кон една Унија, која била ослабната од ширењето на бирократијата.

– Имаме потреба од една посилна Европа, рече Макрон.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2017 23:35