Рускиот заменик министер за надворешни работи Алексеј Мешков изјави дека Западот се обидува да го претстави Балканот како сфера на свои ексклузивни интереси.
– Што се однесува до пристапот на странските играчи кон ситуацијата во регионот, за жал мора да забележиме дека се појавуваат обиди за претставување на Балканот како сфера на ексклузивни интереси на Западот. Земјите од Југоисточна Европа ги вовлекуваат во вештачки избор, а тоа е или натамошна интеграција во ЕУ или соработка со Русија, истакна Мешков.
Според него, Москва смета дека тоа е всушност погрешно, бидејќи многу земји „зачувуваат меѓусебно корисни односи и со ЕУ и со Русија“.