Турската полиција уапси 12 лица, вклучувајќи го и шефот на организацијата за заштита на човековите права „Амнести интернешанл“ за Турција, Идил Есер, за време на состанок што се одржал на островот Бујукада во непосредна близина на Истанбул, јавија денеска турските медиуми.

Според дневниот весник „Хуриет“, тие вчера од состанокот биле однесени во полициска станица, но засега не е познато зошто се уапсени.

„Амнести интернешанл“ побара нивно ослободување, наведувајќи дека ова претставува „гротескна злоупотреба на власта“.

Меѓу уапсените се седуммина активисти за заштита на човековите права, двајца инструктори, Германец и Швеѓанец, како и сопственикот на хотелот каде се одржувал состабокот, се наведува во соопштението на „Амнести интернешенел“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2017 12:08