Царинската полиција на Анкона во Италија заплени 16 илјади килограми опасен отпад, кој требало да биде транспортиран од Италија во Албанија, објави ТВ „Сири“.

Заплената на опасната материја се случила на пристаништето во Анкона, а била во камион што се натоварувал на траект што требало да исплови за Драч.

- За нивно транспортирање неопходна е процедура спроведена од компанијата и соодветно овластување од земјата домаќин - Албанија. Компанијата што транспортирала опасен отпад во Албанија имала активности во северниот дел на Италија. Италијанската Гардија ди Финанца потврдила дека отворила кривична постапка против оваа компанија, во Обвинителството во Анкона, наведува телевизијата.

Според истиот извор, започнати се аналогни истраги за проверка на слични активности во Албанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2024 15:19