Францускиот Парламент одобри денеска продолжување до 1 ноември на вонредната состојба во државата, воведена по крвавите терористички напади во 2015 година.
Во Долниот дом на Парламентот предлог-законот поднесен од Владата беше поддржан од 137 пратеници, а 13 се изјаснија против. Во салата гласаа само 150 од вкупно 577 пратеници.
Пред два дена и Сенатот го одобри предлог- законот.
Новата француска Влада веќе претстави проект за нов антитерористички закон со кој претседателот Макрон сака да ја замени вонредната состојба. Намерата на Макрон е тоа да биде последно продолжување на вонредната состојба.