Русија ги продолжува санкциите против Црна Гора до 31 декември 2018 година, соопшти руската Влада.

Одлуката на руската Влада е донесена само една недела откако лидерите на Европската унија одлучија да ги продолжат санкциите против Русија до јануари 2018 година.

Со оваа одлука се продолжува рокот на важност на декретот, потпишан од рускиот претседател Владимир Путин на 30 јуни, со кој беше воведена забрана за увоз на одредени видови земјоделски производи, суровини и храна од САД, ЕУ, Канада, Австралија, Норвешка, Украина, Албанија, Црна Гора, Исланд и Лихтенштајн.

Русија прв пат воведе санкции против Црна Гора летото 2014 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2017 11:19