Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој се наоѓа во посета на Турција, денеска им даде до знаење на турскиот премиер Бинали Јилдирим и другите владини претставници со кои се сретна дека земјата мора да го почитува владеењето на правото и да им обезбеди на луѓето право на фер судење.

Истовремено, Јилдирим оцени дека ЕУ е збунета и тоа мора да се исправи.

ЕУ денеска побара суспендирање на преговорите за членство на Турција, а турскиот премиер истакна дека земјата и понатаму сака да се приклучи кон Унијата.

Јилдирим на прес-конференција нагласи дека одлуката на Европскиот парламент е неважечка и не претставува став на високите тела на ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2017 11:22