Групата 20 најразвиени држави во светот ќе одржи самит во Хамбург кој е 12-ти по ред. Неколку факти за Г-20:
– Во групата се 10 најразвиени држави плус ЕУ. Државите се: Аргентина, Австралија, Бразил, Британија, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција и САД.
– Г-20 секогаш ги поканува Светска банка и ОН на седниците, додека Шпанија е постојан гостин. Други држави поканети од домаќинот овојпат се Холандија, Норвешка и Сингапур.
– Во Г-20 се речиси две третини од глобалната популација, три чевртини од глобалниот извоз и три четвртини од глобалната трговија.
– Формирана е во 1999 година за координирање на меѓународната политика за економска и финансиска стабилност, но темите се прошируваат на голем број глобални теми – од борба со тероризам до глобално затоплување.
– Г-20 одржува сопстанок еднаш годишно на ниво на шефови на држави или влади. Во 2009 и 2010 година имаше два самита за време на финансиската криза. Министрите за финансии и шефови на централни банки имаат годишни средби од 1999 година.
– Самитот на Г-20 прв пат се одржува во Германија и трет пат во Европа. Следниот ќе се одржи во Аргентина, која го презема претседателство од 1 декември.