Германската канцеларка Ангела Меркел нагласи денеска пред лидерите на Групата 20 индустриски најравиени економии дека милиони луѓе се надеваат оти Г-20 може да им помогнат во решавањето на светските проблеми, јави ДПА.

Меркел рече дека е сигурна оти секој од лидерите ќе направи напори за постигнуавње „добри резултати“.

– Решенијата единствено може да асе најдат доколку сме подготвени за компромиси, наведе Меркел на почетокот на работниот ручек во првиот ден од самитот на Г-20.

Таа додаде дека лидерите не треба да се воздржуваат да идентификуваат и да зборуваат за различните ставови. Самитот на Г-20 почна денеска во Хамбург и ќе заврши утре.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2017 00:30