Повеќе од 120 држави ја одобрија денеска на состанокот на Обединетите нации првата спогодба во историјата со која се забранува нуклеарното оружје, а која ја бојкотираа државите, кои поседуваат такво оружје.
На денешното гласање повеќе од 122 држави гласаа за одобрување на спогодбата, додека Холандија гласаше „против“, а Сингапур беше воздржан.
Илејн Вајт Гомез, претседателката на ИН конференциите, на кои се преговараше за првата правно обврзувачка мултилатерална спогодба за нуклеарно разоружување, изјави дека тоа е прва ваква спогодба, која е склучена во повеќе од 20 години.
– Светот чекаше на оваа правна мерка 70 години, рече Вајт Гомез.