Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се договориле за прекин на огнот во дел од Сирија. Тоа го изјави државниот секретар на САД Рекс Тилерсон на маргините на самитот на Г-20, јави ДПА.

Претходно, американски медиуми повикувајќи се на анонимни извори јавија дека САД и Русија постигнале договор за прекин на огнот во југоисточна Сирија.

Прекинот на огнот според нив би требало да стапи во сила на 9 јули на пладне по локално време во Дамаск.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2017 00:39