Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека на првата средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Хамбург на Самитот Г-20 разговарале за ситуацијата во Украина и во Сирија, како и за борбата против тероризмот и сајбер безбедноста.
– Имав долг разговор со претседателот на САД. Имаше многу прашања – Украина, Сирија и други проблеми, како и билатерални прашања. Повторно се вративме на прашања за борбата против тероризмот, сајбер безбедноста, изјави Путин пред средбата со јапонскиот премиер Шинѕо Абе, јавија руски медиуми.