Германската канцеларка Ангела Меркел денеска, по завршувањето на самитот на Г-20 во Хамбург, изјави дека остануваат „длабоки разлики“ меѓу неа и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, откако се сретнаа на маргините на форумот.

Таа нагласи дека разликите меѓу двете страни околу прашањата за апсењата во Турција и турската воено воздухопловна база Инџирлик и понатаму остануваат.

– Меѓусебните разговори покажаа дека имаме длабоки несогласувања. Но ние не ги ставивме под тепих тие разлики, нагласи германската канцеларка.

Меркел го истакна и придонесот на Турција на средбата на Г-20.

– Сакам да кажам дека Турција, но и лично Ердоган, земаа активно учество на целата средба. Ги разгледавме напорите кои ги вложува Турција по прашањето за бегалците и миграцијата, додаде Меркел.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2017 00:54