Бразилската полиција запленила 5,1 тон марихуана во државата Санта Катарина.

Марихуаната била пронајдена во камион, соопштија локалните власти.

Три лица се уапсени за време на операција што беше спроведена во четвртокот.

Приведени се возачот на камионот и двајца негови браќа, за кои има сомнение дека се сопственици на дрогата.

Според првите податоците од истрагата, браќата се поврзани со уште две афери за канабис - пет тони запленети во мај, и 4,7 тони запленети во јуни.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2017 19:08