Договорот за прекин на огнот во југозападниот дел на Сирија денеска на пладне, по локално време, стапи на сила.

Синоќа, по средбата на претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, беше соопштено дека е постигнат договор за прекин на огнот во југозападниот дел на Сирија.

Договорот, што беше направен меѓу САД и Русија, доби поддршка од ОН.

Заменик-специјалниот претставник на ОН за Сирија Рамзи Рамзи изјави оти се надева дека договорот ќе доведе до намалување на насилството во Сирија, како и до постигнување на нови договори во земјата.

– ОН секогаш пробуваат да ги намалат тензиите и ескалацијата на борбите, а јас мислам дека овој чекор е во вистински правец, наведе Рамзи.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2017 19:13