Претседателот на Србија Александар Вучиќ утре ќе престојува во работна посета на Турција.
Тој ќе оствари средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и ќе учествува на 22 – от Светски нафтен конгрес во Истанбул.
На овогодишниот Конгрес ќе учествуваат повеќе од 6.000 делегати, 50 министри и околу 25.000 посетители на Светската нафтена изложба.