Шест лица се приведени денеска во врска со т.н. афера „подморници“, соопшти израелската полиција.

Меѓу притворените се и соработници на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тие се осомничени за поткуп, измама, затајување данок и перење пари во договор за продажба на три германски подморници, соопштиу полицијата.

Договорот бил во фокус на израелската полиција поради сомневање за можни престапи во кои е вмешан и личниот адвокат на Нетанјаху, инаку локален советник на германско бродоградилиште.

Полицијата испитува обвинувања дека адвокатот Давид Шимрон, кој е советник на Нетанјаху и роднина, лобирал кај одбранбени официјални лица во корист на германската компанија „ТисенГруп“ за продажба на подморници врз основа на договор вреден повеќе милиони долари, како и продажба на воени бродови потребни да се бранат резервите од природен гас во Средоземното Море.

„ТисенГруп“ во Израел е претставуван од локален бизнисмен, а негов личен адвокат е Шимрон. Пред две недели весникот „Шпигел“ објави дека германскиот совет за национална одбрана одобрил продажба на три подморници за Израел.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2017 19:47