САД ќе му продадат на својот сојузник Велика Британија околу 3.000 воени автомобили во вредност од една милијарда долари, соопштија Пентагон и Стејт департментот.

Како и секој договор за продажба на оружје од Вашингтон, Министерството за надворешни работи ја одобри „можната“ достава на 2.747 американски лесни оклопни автомобили ЈЛТВ (Joint Light Tactical Vehicles), која чини 1,03 милијарди долари.

Стејт департментот во такви случаи го информира Конгресот, кој може во рок од 30 денови да се спротивстави на зделката.

Велика Британија е историски „најблискиот сојузник“ на САД и не се очекува конгресмените да се изјаснат против договорот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2017 09:51