Русија е подготвена да потера триесетина американски дипломати и да заплени американски имот во знак на одмазда поради санкциите на Вашингтон, тврдат руски претставници.
Заканата дојде од руското Министерство за надворешни работи, објави рускиот весник „Известија“, потсетувајќи дека и други руски официјални претставници неодамна даваа слични изјави.
Во декември Администрацијата на Обама протера 35 руски дипломати и затвори два објекта, кои ги користела разузнавачката служба.
Таа мерка била реакција на наводното руско мешање во американските избори.
Русија е веќе под американски санкции.