Хакери добиле пристап до лични податоци на гости во 14 хотели на синџирот Хотели Трамп, соопшти компанијата.
Кибер-напаѓачите за првпат презеле напад врз серверот за резервации во хотелите на 10 август 2016 година. Последен напад имало на 9 март оваа година.
Хакерите добиле достап до информации поврзани со кредитни картички на клиентите. Во дел од случаите тие имале и достап до имињата на гостите во хотелите, елекстронските адреси, телефонски броеви и други подаотци. Погодени биле хотели во Њујорк, Чикаго, Торонто и Лас Вегас.