Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека за Анкара ќе биде утешно ако Европската унија отворено каже дека не може да ја прифати Турција за членка.
Во интервју за Би-Би-Си тој нагласи дека Турција е способна да стои на свои нозе.
– Доколку ЕУ отворено каже – не можеме да ја примиме Турција, тоа за нас ќе биде олеснителна околност. Во тој случај покренуваме план Б и Ц. Европската унија не ни е неопходна…Опуштени сме, изјави Ердоган.
Турскиот претседател отфрли наводи за апсење на 150 новинари и според него во притвор во Турција се само две лица со новинарски легитимации. Неговиот одговор уследи во момент кога турските власти го продолжија притворот за локалните директор на Амнести интернешнал и уште 9 луѓе што предизвика критики на меѓународнатаз аедница. Уапсените се осомничени за членство во терористичка група, но не е јасно кажано која.
Ердоган тврди дека мнозинство граѓани на Турција не сакаат во ЕУ.
– Еднаш одамна, за време на мојот прв мандат како премиер, Турција беше опишана како држава што остварила тивка револуција за време на самит на лидери на ЕУ. Но, сега таа иста ЕУ не само што веќе не не вика на самтит на ЕУ туку и ни го губи нашето време. Таква е моментната ситуација, изјави Ердоган.
– И покрај се ќе продолжиме да бидеме искрени со ЕУ уште некое време. Ќе видиме што ќе ни донесе тоа, рече турскиот претседател.