Калифорнискиот демократ Бред Шерман поднесе барање за отповикување на претседателот на САД Доналд Трамп.

Тој го обвинува Трамп за попречување истрага за руското мешање во американските претседателски избори во 2016 година со тоа што го отпуштил тогашниот директор на ФБИ Џејмс Коми.

Шерман признава дека тоа е само „прв чекор на многу долг пат“, но нагласува дека доклку импулсивната неспособност продолжи, по одредено време и републиканците ќе се придружат на барањето.

Портпаролка на Белата куќа изјави дека одлуката на Шерман е смешна и оти тоа е политичка игра на најниско ниво.

Шерман има поддршка од Ал Грин, демократ од Тексас.

Одлуката на Шерман има малку шанси да успее во Претставничкиот дом на САД каде доминираат републиканците, и уште помалку бидејќи нема поддршка од демократи. Демократските лидери се оградуваат од обидот за импичмент на Трамп со став дека тоа само им дава поттик на приврзаници на Трамп, јавуваат американски медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2017 11:17