Би-Би-Си Њуз соопшти дека го прекинува договорот за поделба на известување и ресурси со Еј-Би-Си Њуз во САД, и наместо тоа влегува во партнерство со Си-Би-Ес.
Новиот претседател на Си-Би-Ес, Дејвид Ароудс изјави дека според договорот со Би-Би-Си, добиваат пристап до организација што е поголема и сеопфатна од Скај Њуз кои досега биле нивни британски партнер.
Портпаролката на Би-Би-Си изјави дека британската телевизија неофицијално работела со Си-Би-Ес во изминатите неколку години и дека американската телевизија добро одговара на нивните моментни потреби.