Лидерот на Исламска држава во Авганистан, Абу Сајед беше убиен во американски воздушен напад во провинцијата Кунар на почетокот од неделата, изјави портпаролката на Пентагон, Дана Вајт.
Сајед загинал на 11 јули при воздушниот напад врз штабот на ИД.
Во нападот загинале и други припадници на ИД со што „значително се нарушени плановите на терористичката група да го зголеми присуството во Авганистан“.