Мина една година од надминувањето на најкрвавиот терористички напад во историјата на Турција, во која година земјата ја потврди својата издржливост, способност за заздравување и силата, оцени турскиот премиер Бинали Јилдирим, по повод годишнината од ланскиот обид за воен преврта во земјата.
– Сега е битно да ја преиспитаме изминатата една година и да погледне напред. Преди се треба да се потсетиме на тоа со што се соочивме. Ние се соочивме со еден напад врз турската држава од страна на предавници, приврзаници на еден верски настраник, кој себе си се нарекува „имам на универзумот“, а кој што се инфилтрирал во турската Армија, оцени Јилдирим.
Според него, Турција се соочила со „крвници кои го бомбардираа своето национално собрание, го срамнија со земја оперативниот штаб на специјалните полициски сили кои предничат во борба со тероризмот, во кои насрнаа на невооружени цивили со тенкови и кои со воени авиони и хеликоптери отворија оган врз нив“. – Во нашата досегашна историја не сме се соочиле со едно вакво дивеење. Оваа терористичка мрежа уби 250 и рани повеќе од 2000 наши државјани, додава Јилдирим.
– Кога ќе се погледне наназад од ова горко искуство, на виделина излегоа две работи со кои се гордееме. Прво, храброста и одлучноста на турскиот народ. Нашите грагани од секој слој на заедницата и политиката излегоа на улиците против извршителите на ударот. Нашите телевизиски канали, покрај заканите од извршителите на превратот продолжија со своите емисии. Турскиот народ стана една целина. Второ, Турскиот народ на целиот свет му покажа дека е и ќе биде на страна на демократијата. Мојот народ покажа дека со Турција ќе владеат не вооружените групи туку само владите кои што дошле на власт по демократски пат и волјата на народот. Најсилната легалност е онаа демократска легалност, наведува Јилдирим.
Меѓутаоа, како што додава тој, никако не може да ја избрише од меморијата наивното прашање на неговиот внук таа вечер: „Дедо, овие војници нели се наши војници?“.
– Навистина какво е тоа сфаќање кое што им дава можност подло да ги нападнат цивилите, своите институции, свои симболи, свои лидери? Одговорот лежи во природата на предавничката мрежа со која се соочуваме. Таа вечер се соочивме со една злосторничка мрежа која што со посредство на еден теолошки професор, на слепо ги извршуваше наредбите кои доаѓаа од страна на Фетулах Ѓулен. Говориме за една предавничка чета која не попримила ништо од славната илјадагодишна традиција на турската војска, а која што во воената база користена како Центар, стоела со војнички поздрав пред раководителот на една фирма на ФЕТО (Фетулистичката терористичка органзиација) и лицето кое што наизглед само е сопственик на едно училиште, истакнува турскиот премиер.
Според него, турската Влара го видела висотнското лице на Фетулах Ѓулен уште пред 15 јули и соодветно превзела мерки. – Вложувавме напори со цел да ја обелодениме нивната структура инфилтрирана во државните органи. Меѓутоа, обидот за државен удар од 15 јули, горко ни покажа дека се соочуваме со една многу поголема закана од предвиденото и дека истата е многу подлабока и пожилава. На виделина испаднаа 40-годишните напори, плановите на Фетулах Ѓулен со цел да ја превзеде Турската држава, додава Јилдирим.
– Членовите на ФЕТО, во правец на инструкциите добиени од страна на Фетулах Ѓулен, без да бидат забележани од никого, беа инволвирани до најситните ткива на системот„ и чекор по чекор, како инфекција од еден вирус кој ги опфаќа животните органи, беа вметнати речиси во сите центри на власта. По 15 јули, во текот на една година. сеопфатно беа проследени административни, кривични и правни истраги. Добиени се широки сознанија за оваа структура која што го скрои и изведе овој обид за државен удар, истакнува турскиот премиер.
Тој натаму нагласува дека досегашната истага покажале дека Турција се соочува со една структура што создалa „изопачен, езотеричен верски систем“.
– Училиштата и интернатите на организацијата имале функција на перење мозок и регрутирање на милитанти. Овозможено е верните членови на организацијата кои предводникот го гледаат како „Месија“ да бидат инфилтрирани во државните структури. На овој начин луѓе што можат да извршат секаков вид нелегални и неморални активности за потребите на организацијата без поговор, поставени се на клучни позиции. Овие лица, на приемните испити за персонал на јавниот сектор организирале нерегуларности, незаконско прислушкување, уценување како и лажни судски процеси, потенцира Јилдирим.
Според него, преку структури формирани под капата на хуманитарни здруженија и фондации, на организацијата и се овозможени финансиски извори од перење на пари преку големи холдинзи и банки.
– Делот од медиумите на организацијата превзел функција на алатка за пропаганда. Дали е можно едно „образовно движење“ да работи во форма на ќелија, едни со други да се препознаваат преку имиња со кодови, за комуникација да измислат шифирани апликации, да ги учи членовите на техники на контраразузнавање и тактики за прикривање на припадноста? Оваа терористичка организација од поновата генерација, без исклучок ги користела сите методи за да ги уништи тие што не се на нивна страна и на овој начин направила обид покрај власта да ја превземе и државата Република Турција во насока на нивните изопачени амбиции. Турскиот народ на 15 јули токму на оваа изопачена и опасна амбиција и нанесе тежок пораз, потенцира турскиот премиер.
Тој натаму нагласува дека сСо превземените мерки е „скршена основниот лост на организацијата во Турција. – Меѓутоа, заканата не е ограничена само на Турција. Организацијата во повеќе земји, слично како во Турција има свои структури. Тие сега, продолжуваат да сеат семиња на раздор во други земји. Со цел да опстојат, овој пат се уште поактивни околу нивното глобално економско и политичко опстојување. Ја користам приликава повторно да им укажам на сите наши пријатели, порачува турскиот премиер.
– Турскиот народ, на целиот свет му покажа дека демократијата не се добива лесно, меѓутоа дека е работа толку вредна што за неа може да се даде и својот живот. Наша главна должност е да ги превземеме сите потребни мерки со цел повеќе никогаш де не се соочиме со слична закана. Вложуваме максимални напори со цел овој тежок процес го реализираме во уставни рамки. Последниот обид беше насочен кон Турската демократија и демократијата победи. Токму поради тоа, од сега па натаму нашата цел и сите наши напори ќе бидат насочени кон тоа да навреме се направат потребните исчекори во правец на доведување на демократијата до најбезбеднитеврвови и најпримерни позиции, заклучува турскиот премиер по повод годишнината од неуспешниот обид за воен преврат во Турција.