Осум луѓе ги загубија животите, а најмалку 50 се повредени поради стампедо и срушен ѕид на стадион во Сенегал.

Трагедијата се случила на „Демпа Диоп“ стадионот во главниот град Дакар, на крајот од финалниот лига куп натпревар помеѓу Стад де Мбор и Унион Спортиве Оакам.

На крајот на мечот започнала тепачка меѓу фановите на двата ривалски тима, полоцијата употребила солзавец за да ги раздели, но наместо тоа предизвикала трагедија.

По фрлениот солзавец, толпата во паника почнала да бега, тоа предизвикало стампедо и еден срушен ѕид. Светските новински агенции јавуваат за осум загинати и најмалку уште 50 повредени луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2017 20:15