Два проектила се истрелани врз руската амбасада во Дамаск, при што едниот го погодил објектот, а другиот паднал во близина, јавија сириските државни медиуми.
Досега се случувало сириските бунтовници од предградијата на Дамаск да вршат напади врз амбасадата. Москва е цврст поддржувач на сирискиот претседател Башар ал Асад и од септември 2015 година учествува во војната, која трае веќе шест години.
Нападот во Дамаск беше извршен само неколку часови, откако бомба експлодира во близина на болница во северозападниот град Идлиб, кој е под контрола на бунтовниците, при што беа ранети пет лица.