Повеќе од 330 илјади лица загинаа во Сирија од почетокот на војната пред шест години, од кои околу една третина се цивили, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права со седиште во Лондон.
Центарот документирал смрт на 331.765 луѓе ширум Сирија од почетокот на избувнувањето на судирот во март 2011 година.
– Меѓу загинатите има 99.617 цивили, изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.
Сирискиот центар, чие седиште е во Лондон наведе дека меѓу загинатите има 18.243 деца и 11.427 жени.