Швајцарскиот дипломат Томс Гремингер беше назначен за нов генерален секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) по неколку месечните спорови меѓу земјите-членки.

Педесет и шест годишниот Гремингер доаѓа на местото на Италијанецот, Ламберто Заниер, кој од позицијата си замина уште во јуни.

Беа именувани и раководители на три други клучни места. Поранешниот француски државен секретар за европски прашања и внатрешна трговија и поранешен прв секретар на Француската социјалистичка партија Арлем Дезир стана претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите. Поранешната министерка за надворешни работи на Исланд Ингиборг Солрун Гисладотир стана шеф на Канцеларијата за демократски институции и човекови права, која ги следи изборите во целиот свет. Заниер ја зазеде функцијата врховен комесар за национални малцинства,

Номинациите беа предмет на тешки преговори, кои ги одразија несогласувањата во 57-члената организација.

Според дипломатски извори Русија сакала да има претставник од нејзината сфера на влијание на една од овие функции.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2017 11:31