Претседателот на САД, Доналд Трамп го именува Џон Хантсман за амбасадор во Русија.

Републиканецот Хантсман (57) е поранешен гувернер на Јута, а од 2009 до 2011 година, за време на мандатот на Барак Обама беше амбасадор во Кина.

Тој во 1992 година, на 32-годишна возраст беше амбасадор на САД во Сингапур, со што стана најмладиот дипломат во последните сто години.

Хантсман соработувал со администрацијата на пет американски претседатели, а во 2012 година беше кандидат за претседателска номинација на републиканците.

– Гувернерот Џон Хантсман имаше забележителна кариера како политичар, дипломат и бизнисмен. Тој во моментот е претседател на Атлантскиот совет на САД и на Фондацијата Хантсман за борба против ракот, се наведува во соопштението од Белата куќа.

Тој беше и член на управни одбори на големи компании како „Хилтон“, „Шеврон“, „Форд мотор“ и „Катрпилар“.

Хантсман е женет и е татко на седум деца.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2017 11:33