Тогашниот состав на црвено-црните ги шокираше русите и целата фудбалска Европа со победата во двомечот.

На 30 јули 2003 - тата година, речиси и никој да не очекуваше вистинска сензација на стадионот „Динамо“ во Москва, но со тоа не се согласуваа 11-мината кои излегоа на мегдан со тогаш (па и денес) големата ЦСКА Москва.

Зекир, Веселиновски, Ѓошевски, Блесинг, Грозданоски (86’ Милевски), Трајчев, Захариевски, Ристовски, Георгиевски (77’ Божиновски), Бранковиќ, Вандаир (80’ Оливеира) беа златните момци на Зоран Стратев кои му го донесоа најголемиот успех на македонскиот клупски фудбал. Вардар по елеминацијата на ЦСКА Москва беше на чекор од пласман во Лигата на Шампионите но за жал несреќно беа поразени во третото квалификациско коло од Спарта Прага.

Оваа сезона, од повторување и надминување на овој успех ги дели само уште 90 минути.

Големата победа во Москва на црвено-црните им ја донесоа головите на Влатко Гроздановски во 54-тата минута и на Вандаир во 64-тата минута, додека голот за ЦСКА Москва го постигна Самодин на една минута пред крајот на натпреварот односно во 89-тата минута.

На реваншот кој се играше после седум дена во Скопје, Вардар остана непоразен и со конечни 1:1 успеа да се пласира во последното квалификациско коло што всушност е досега најголем успех на нашите фудбалски клубови на Европските натпреварувања.

Интересен факт е што следната сезона истиот состав на Московјаните ја освои титулата Шампион во Уефа купот второ најсилно европско натпреварување по Лигата на Шампионите.

По победата во двомечот против Малме и победата од 1:0 на домашен терен против Копенхаген, која можеше да биде и поубедлива, Вардар е на чекор до надминување на овој историски успех.

Согласно правилата доколку Вардар го помине Копенхаген и се пласира во последната фаза од квалификациите за Лигата на Шампионите, дури и да загуби, тогаш се пласира директно во групната фаза од Лигата на Европа.

Несомнено, тоа би било празник за Македонскиот фудбал, за кој, љубителите на фудбалот и навивачите на Вардар живеат и сонуваат цел живот.

До натпреварот во Копенхаген да се потсетиме како беше пред 14 години!



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2017 21:00