Пред 28 години, дуелот помеѓу Динамо Загреб и Црвена Звезда во Загреб не се одигра поради хаосот што го направија навивачките групи на двата југословенски гиганти, инцидент кој беше само најава за крвавата ѓраѓанска војна на просторите на поранешната сојузна држава.
– Шампионското славје делумно ни го расипаа настаните во Загреб. Тоа беше уажс, најблаго речено. Се прашувам што ќе се случеше да се одиграше тој натпревар. Кога вакво нешто ќе се случи, се прашувате – Зарем фудбалот стана војна помеѓу два тима?, изјавил ден по враќањето од Загреб, Драган Стојковиќ – Пикси, тогашен член на Црвена Звезда.
Хаосот на „Максимир“ ќе остане запаметен и по Звонимир Бобан, хрватскиот репрезентативец кој со карате потег го нокаутираше полицаецот Рахим Ахметовиќ, бранејќи еден од членовите на загрепските ултраси – „БББ“, потег кој Бобан го направи херој на загрепските модри и меѓу хрватската јавност.
– Ако мечот се одиграше, ќе имаше жртви. Се тоа беше режирано. Јас имав наполнет пиштол и можев лесно да го убијам Бобан. Тој ме нападна на работно место, но тренерот Јосип Куже го спаси. Ние сакавме да ја смириме ситуацијата, но тој ги повикуваше „БББ“ на терен. Ме наговараа да пукам, но јас не сакав, рече Ахметовиќ, по повод 25-годишнината од инцидентите.