Шпанската Влада побара од Уставниот суд на Шпанија да ја поништи одлуката на каталонските регионални власти за организирање референдум за незавосност на Каталонија, изјави денеска во Мадрид шпанскиот премиер Маријано Рахој.
– Нема да има референдум на 1 октомври, изјави Рахој на прес-конференција по редовната седница на шпанската Влада.
Рахој нагласи дека со барањето упатено до Уставниот суд, Владата ја исполнила својата обврска да обезбеди гаранции за почитување на законот.
Иницијативата на шпанската Влада следи откако вчера каталонскиот Парламент изврши законски измени со кои му се овозможува да ги забрза подготовките за референдумот за независност на Каталонија, најавен за 1 октомври.
Шпанскиот Уставн суд претходно ги блокираше обидите за организирање референдуми за независност на Каталонија, прогласувајќи ги за несутавни.