Букурешт му забранил на авион во кој се наоѓал рускиот вицепремиер Дмитриј Рогозин, да прелета преку романскиот воздушен простор на пат кон Молдавија, јавија романските медиуми.

Информацијата, што првично беше пренесена од молдавските медиуми, ја потврди и романското Министерство за надворешни работи.

Авионот, што го превезувал рускиот вицепремиер Рогозин не успеал да стигне до Молдавија, откако не добил одобрение да прелета над Романија, јавија молдавските медиуми. Тие посочија дека авионот бил пренасочен кон Минск, откако претходно направил неколку круга над Унгарија.

Рогозин во Молдавија требаше да учествува на настан во регионот на Придњестровје по повод 25-годишнината од почетокот на мировната операција на реката Дњестар.

На аеродромот во Кишењев го очекуваа група демонтранти, посочуваат локалните медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/07/2017 18:58