Американскиот претседател Доналд Трамп го смени Реинс Приебус од местото шеф на кабинет на Белата куќа и на таа функција гопостави Џон Кели, досегашниот министер за внатрешни работи.

„Драго ми е да ве информирам дека само што го именував генерал/секретар Џон Ф. Кели за шеф на кабинетот на Белата куќа. Тој е прекрасен Американец…и голем лидер“, нпиша Трамп на својот Твитер налог.

Трамп оцени дека Кели завршил спектакуларна работа во Министерството за внатрешни работи.

– Тој е вистинска ѕвезда на мојата администрација, напиша Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2017 01:18