Четири лица се уапсени во масовната антитерористичката акција во неколку предградија на Сиднеј, спроведена по добиени сознанија за подготовка на терористички напад во авион, јавуваат светските новински агенции.

„Претресите и истрагата продолжуваат. Други информации ќе бидат соопштени дополнително во соодветно време“, соопшти полицијата.

Австралискиот весник „Сидни морниг хералд“, повикувајќи се на полициски извори, наведува дека операцијата во сиднејските предградија Лакемба, Сари Хилс, Вајли Парк и Пинчбул не била претходно планирана, туку полицијата веднаш реагирала по добиените сознанија.

Австралискиот премиер Малколм Тарнбул изјави дека во тек се активностите на полицијата и дека целта е да се спречат терористичките напади.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2017 01:23