Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека последниот тест на севернокорејска интерконтинентална балистичка ракета ја става територијата на САД на дострел на Пјонгјанг, јави севернокорејската новинска агенција КЦТА.

Ким Џонг-ун изјави дека вчерашната ракетна проба ја покажува способноста на неговата земја да изврши лансирање во секое време и насекаде.

Новинската агенција додава дека севернокорејскиот лидер со гордост изјавил дека ракетната проба потврдува, исто така, дека територијата на САД веќе е „на дострел на нашите проектили”.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2017 01:29