Европскиот шаховски првак „Алкалоид“ ја одбрани титулата државен шампион на Македонија на екипниот шампионат одржан во Охрид. Алкалиод во сите пет кола оствари убедливи победи и популарните „фармацевти“ освоија 10 бодови, односно 27 поени по табли. Второто место го освоија шахистите на Гамбит Асеко СЕЕ со 8 бода, а трети беа гостиварчани со 6 поени.

За Алкалоид ова беше 20. домашна титула.

За актуелниот европски и македонски првак на овој шампионат кој е најава за Европскиот екипен Куп настапија: Павел Елјанов (Украина), Дмитриј Андрејкин (Русија), Дмитриј Јаковенко (Русија), Јуриј Криворучко (Украина), Филип Панчевски, Трајко Недев, Дејан Стојановски, Звонко Станојоски, Влатко Богдановски и капитенот Драгољуб Јаќимовиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2017 01:52