Фудбалерите на ПСЖ го освоија првиот трофеј во новата сезона од францускиот фудбал, откако синоќа во рамките на Супер купот на Франција го совлдаа шампионот Монако со 2:1 во мароканскиот град Тангер.

До триумфот ПСЖ стигнаа со пресврт, откако Монако поведе во 30. минута преку Џибрил Сидибе.

Пресвртот го најави новото засилување Дани Алвеш со голот во 51. минута, а потоа му асистираше на Адриен Рабио, кој го постигна победничкиот гол во 63. минута.

Ова за ПСЖ беше седми трофеј во Супер купот на Франција, а најуспешен тим е Олимпик Лион со осум пехари.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2017 15:59