Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ја пофали играта на тимот над Штутгарт синоќа во натпреварот од 1. коло од генералната фаза на Лигата на шампионите.

Натпреварот се одигра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид и заврши со резултат 3:1 во корист на „Кралевите“.

Реал Мадрид нема ниту еден пораз од седум меча оваа сезона.

- Поминав 200 натпревари и не се сеќавам на ниту еден лесен. Секогаш е борба на почетокот на сезоната кога не си во најдобра форма. Имавме многу шанси предвреме да го завршиме натпреварот, а потоа повторно најдовме сили да постигнеме гол. Невозможно е да се доминира 90 минути, а Штутгарт одлично ја контролира топката. На почетокот ни беше тешко бидејќи загубивме многу дуели. Беше важно да победиме, а ние победивме и тоа е најважно, изјави Анчелоти за „Marca“.

Избраниците на Анчелоти на 2 октомври ќе играат против Лил во Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2024 14:02