Во воената база „Вазиани“, во близина на грузискиот главен град Тбилиси, денеска започнаа воените вежби „Благороден партнер 2017“, со учество на војници од осум држави членки и партнери на НАТО.

Како што јави ТАСС, на маневрите, што ќе траат до 12 август, учествуваат околу 2.800 војници од Грузија, Велика Британија, Германија, Ерменија, Словенија, САД, Турција и Украина.

Грузискиот министер за одбрана Леван Изорија изјави дека овие вежби се јасна демонстрација на поддршката на САД и НАТО за Грузија и за нејзината безбедност и за аспирациите за члеснтво во Алијансата.

Премиерот Гиорги Квирикашвили пак оцени дека маневрите се од големо значење за зајакнување на стабилноста во регионот и најави дека американскиот потпретседател Мајкл Пенс за време на престојот во Грузија, ќе ја посети базата „Вазиани“ и лично ќе ги поздрави учесниците на вежбите.

Пенс треба утре да допатува во дводневна посета на Грузија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2017 16:09