Шкотскиот министер за еконономија Кит Браун упати писмо до надлежните органи во кое бара шкотското виски да биде дефинирано во зкаонот на Велика Британија како „витална индустрија на виски“, откако Британија ќе ја напушти ЕУ.

Браун во писмото бара силна правна заштита на индустријата за виски, чиј извоз на државата и носи околу 5,3 милијарди долари.

Како што се наведува, ЕУ о дефиницијата за виски во моментов забранува продажба на производи кои не се стандардни, но ЕУ законите веќе нема да важат за Британија откако земјата ќе излезе од Унијата во 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2017 16:12